среда , 28 јуни 2017
tramp-merkel-670x308

Трамп ја критикуваше Германија за трговскиот суфицит и недоволните придонеси во НАТО

Американскиот претседател Доналд Трамп ја критикуваше Германија за нејзиниот трговски суфицит и недоволните финансиски придонеси за одбрана во НАТО, еден ден откако германската канцеларка Ангела Меркел изрази сомнеж дека САД се лојални партнери.

– Имаме огромен трговски дефицит со Германија, дополнително, тие плаќаат многу помалку пари отколку што би требало за НАТО. Тоа е многу лошо за САД и тоа ќе се промени, напиша Трамп на неговиот Твитер налог.

Синоќа Меркел повторно се посомнева во веродостојноста на САД како сојузник, изразувајќи разочарување пред Европејците, откако беа одржани двата самити во текот на изминатата недела.

Сепак, таа нагласи дека верува во трансатлантското партнерство.

Слични написи

svleciste

Свлечиште во Кина зтрупа 40 куќи, 141 лице се водат за исчезнати

Најмалку 141 лице се водат како исчезнати откако поројни дождови предизвикаа лизгање на земјиштето во Југозападна …