вторник , 25 јули 2017
tramp galsot

Трамп ја продолжи важноста на црната листа за Македонија – 10 лица се закана за САД

Американскиот претседател Доналд Трамп побара од Конгресот да ја продолжи важноста на т.н. „закана по националните интереси на САД“ од регионот на Западен Балкан, документ кој беше донесен во јуни 2001 година од Џорџ Буш.

Со него се опфатени Босна и Херцеговина, Косово и Македонија и тој пропишува дека од овие сè уште земји постои закана од „лица кои помагаат или поддржуваат екстремно насилство“.

Инаку, станува збор за прва одлука потпишана од Трамп која се однесува на Западен Балкан и на Македонија, откако тој ја презеде должноста претседател на САД во јануари оваа година.

 

За т.н. црна листа се вели дека опфаќа лица „кои се непријателски кон интересите на САД и кои претставуваат закана за националната безбедност и за надворешна политика на земјата“.

На неа од Македонија има 10 лица, повеќето поранешни команданти на Ослободителната национална армија (ОНА), од кои некои се во новиот состав на Собранието.

Станува збор за Џеват Адеми, Гафур Адили, Нури Беџети, Невзат Халили, Џавит Хасани, Кастриот Хаџиреџа, Џемаљ Хисени, Даут Реџепи, Џезаир Шакири и за Мендух Тачи.

Од нив во актуелниот парламентарен состав се Џеват Адеми од ДУИ и Мендух Тачи од опозициската ДПА.

Посебно за Македонија се вели дека таа листа била ревидирана во 2003 година „за да се преземат чекори против делата за попречување на имплементацијата на Рамковниот договор“.

Листата, на која се ставени лицата опфатени со оваа одлука, ја објавува Канцеларијата за контрола на странски средства (ОФАК), која работи во рамките на американското Министерство за финансии.

Слични написи

image-0-02-05-24287f281545733e143196a6dc667acc32ba038649d55d7ed1db03937039a43d-V

Едночасовен застој кај Удово, возилата пренасочени кон Јосифово

Околу еден час има застој на патот Удово-Марвинци. Големата колона на возила од Удово се …