недела , 22 октомври 2017
tramp-don

Трамп на 15 декември ќе ја објави намерата да го напушти својот бизнис за да управува со САД

Новоизбраниот американски претседател, Доналд Трамп, денеска изјави дека на 15 декември ќе свика прес-конференција на која ќе ја соопшти својата намера да го напушти бизнисот за целосно да се фокусира на управувањето со земјата, пренесе ТАСС.

Трамп на Твитер напиша дека на 15 декември на прес-конференција, заедно со своето семејство, ќе го претстави планот за „целосно повлекување од бизнисот“.

– На 15 декември ќе свикам голема прес-конференција во Њујорк, заедно со децата, за ја објавиме мојата намера да го напуштам својот голем бизнис, со цел целосно да се фокусирам на управувањето со земјата, за „Америка повторно да ја направам голема“, напиша тој.

Трамп посочи дека, според законот, тој не е должен да ги прекине врските со својот бизнис, но смета дека е „очигледно многу важно како претседател на земјата на никаков начин да не влегува во конфликт на интереси“.

– Затоа се подготвуваат правни документи, што целосно ќе ме извадат од бизнис активностите. Претседателството е многу поважна задача, изјави тој.

Слични написи

zagreb

Загреб: Извикувал „Зиг хајл“ и напаѓал луѓе со солзавец

Во центарот на Загреб се случи инцидент во кој полесно е повредено едно лице, јавуваат …