недела , 24 септември 2017
tramp galsot

Трамп предложи приватизација на американската воздушна контрола

Американскиот претседател Доналд Трамп денеска објави план за приватизација на системот за воздушна контрола на САД.

Трамп истакна дека сегашниот систем на воздушна контрола во САД е застарен и дека американскиот авиосообраќај „конечно треба да полета кон иднината“.

Според Трамп, со планот за приватизација на системот за воздушна контрола ќе се намали времето на чекање на патниците, ќе се зголеми безбедноста на авионскиот сообраќај и ќе се намалат трошоците на авиокомпаниите.

Трамп со планот предлага контролата на авиосообраќајот да биде одвоена од Федералната управа за цивилно воздухолпвоство и да премине во надлежност на „независен и невладни орган“.

Американските авиокомпании веќе подолго време го бараат ова одвојување на контролата на воздушниот сообраќај, но противниците на ваквата мерка сметаат дека со тоа тие ќе добијат претерано голема моќ.

За да стапи во сила, планот на Трамп треба да биде одобрен од Конгресот на САД.

Слични написи

hakerski napadi

Хакерски упад во безбедносниот софтвер CCleaner зарази 2 милиони компјутери

Повеќе од 2 милиони луѓе кои го спуштиле безбедносниот софтвер CCleaner ги заразиле своите компјутери …