недела , 22 октомври 2017
donalt-tramp

Трамп: Сите илегални мигранти ќе ги испратам дома

donalt-trampКандидатот на Републиканската партија за номинација на претседателските избори во САД, Доналд Трамп, изјави дека ако влезе во Белата куќа, ќе ги депортира сите илегални мигранти и дека ќе ги укине новите закони за имиграција кои ги воведе сегашниот претседател Барак Обама.

– Нема да ги разделуваме семејствата, но тие едноставно ќе мора да одат – рекол Трамп во објавениот дел од емисијата на телевизијата „Ен-Би-Си“ која ќе биде емитувана подоцна.

Американскиот милијардер кој се надева дека ќе стане кандидат на Републиканската партија на изборите за претседател во 2016 година, рекол дека мора да се укине законот за миграција на Обама.

Трамп, за кој анкетите покажуваат дека има најголема поддршка на гласачите од 17 претенденти за местото кандиндат на Рупубликанците за претседател на државата, од почетокот на својата кампања предизвика контроверзии со своите изјави на тема имиграција, па така ги нарече мигрантите од Мексико криминалци и силувачи.

Се проденува дека во САД живеат околу 11 милиони илегални мигранти.

Слични написи

zagreb

Загреб: Извикувал „Зиг хајл“ и напаѓал луѓе со солзавец

Во центарот на Загреб се случи инцидент во кој полесно е повредено едно лице, јавуваат …