недела , 22 октомври 2017
antoni

Трансферот на Марсијал го спаси Монако: Откриена позадината на трансферот кој своевремено го шокираше светот

Зад Монако се две фантастични сезони, но тие сигурно не би биле такви ако не направеа еден бомбастичен трансфер.

Пред нешто повеќе од две години, тогаш на последниот ден од преодниот рок, Манчестер Јунајтед комплетираше изненадувачки трансфер кој ги шокираше сите.

За обесштетување од 50 милиони евра плус бонуси (потенцијални 75 милиони евра) го доведоа Антони Марсијал од Монако, тогаш 18-годишно момче кое не беше толку „извикано“ како ова лето Килијан Мбапе.

Марсијал речиси и да беше анонимус за најголемиот дел од фудбалската јавност, а добро го познаваа само оние најупатените, бидејќи Монако тогаш не беше истиот Монако од последните две сезони.

Луј ван Гал исплати неверојатна сума на пари за младиот фудбалер. Марсијал одигра одлично првата сезона на „Олд Трафорд“, но потоа нешто послабо, но во Монако не се грижеа премногу што ќе биде со младиот Французин.

Тој трансфер, кој на фудбалскиот пазар одекна како „бомба“, беше спасоносен за клубот од Кнежеството.

Нивниот претседател Вадим Васиљев откри дека не сакале да го продадат Марсијал, но дека немале избор. Морале да го направат тоа со цел да го задоволат Финансискиот фер-плеј. Понудата на Јунајтед пристигна во последен момент, во последните часови од преодниот рок, па во Монако е означена како спас за клубот.

Имено, да не дојдеше до трансферот УЕФА жестоко ќе го казнеше Монако, можеби и со забрана за играње во Лигата на шампионите. Да се случеше тоа, во поинаква насока ќе се одвиваше краткорочната иднина на Монако. Конкретно, ако во минатата сезона не играа во Лигата на шампионите кога дојдоа до полуфиналето, нема шанси ова лето да заработеа речиси 400 милиони евра од трансферите на Килијан Мбапе, Бернардо Силва, Бенжамин Менди, Тијему Бакајоко…

„Сега немаме финансиски проблеми. Моментално сме целосно мирни. Играчите секогаш ги продавате кога мислите дека е најдобриот момент за тоа, а Марсијал беше исклучок“, порача потпретседателот Васиљев најавувајќи дека Монако нема без план да ги троши заработените пари.

„Мојот сон беше клубот да се развива подеднакво во економска и спортска смисла, колку тоа да е возможно. Сега гледам дека таа можност е сосема реална“.

Монако, инаку, викендов го расипа совршениот влез во новата сезона од Лига 1. „Кнезовите“ беа декласирани на гостински терен кај Ница, а веќе во среда гостуваат кај РБ Лајпциг во првото коло од Лигата на шампионите.

Слични написи

iniesta

Иниеста потпиша доживотен договор со Барселона

Андрес Иниеста потпиша уникатен договор со Барселона, кој има доживотна важност. Ова е посебен начин …