недела , 22 октомври 2017
deskoska

Тренеска-Дескоска: Загрижувачки тренд на опаѓање на бројот на ученици во Македонија

Министерката за образование и наука, Рената Дескоска-Тренеска, ги посети основното училиште „Браќа Миладиновци“ и средното стручно училишта „Перо Наков“ во Куманово.

Дескоска-Тренеска до првачињата упати пораки дека ги чека убав деветгодишен период што ќе го поминат учејќи и другарувајќи, а на наставниците им порача да ги изведат на вистински пат.

– МОН стои на располагање со расположливите капацитети и можности да им помогне да се вложат за квалитетно образование на учениците бидејќи тие се иднината на државата – рече министерката.

Таа додаде дека Министерството ќе има еднаков пристап кон сите, без оглед дали се раководени од градоначалници од власта или опозицијата.

Министерката за образование го посети и средното училиште „Перо Наков“ каде што во изјава за медиумите нагласи дека трендот на опаѓање на учениците и бројот на деца во Македонија е загрижувачки.

– За жал, се забележува опаѓање на бројот на деца што се запишуваат и во средното образование и покрај тоа што е задолжително средното образование, што укажува на трендот што постоел на иселување млади луѓе од Р. Македонија, семејства со деца во образовен процес. Се надеваме дека процесот на иселување на младите ќе запре. МОН ќе преземе реформи кои ќе значат враќање на квалитетот на образование и правење на образовниот систем во Македонија атрактивен за учениците за да останат тука и да го продолжат своето образование – изјави министерката.

Таа посочи дека на средбата со градоначалникот на Куманово разговарале за капиталните инвестиции што биле правени во општина Куманово и потенцира дека досега, за жал, МОН го оставило образованиот систем во Куманово без поддршка во делот на капиталните инвестиции.

– Најавувам како министер за образование дека целта на оваа Влада е да не прави разлика меѓу градоначалници од власта и опозиција бидејќи интересот на децата треба да биде пред сѐ и пристапот на помагањето на општините во капиталните инвестиции треба да зависи од состојбата во која се наоѓаат училиштата, а не од тоа кој раководи со општината, односно кои се директорите на училиштата – додаде министерката.

Слични написи

2-ALIMS-13ti-simpozium-2017-1024x986

Бекировски учествуваше на симпозиум во организација на Агенцијата за лекови и медицински средства на Србија

Стручниот тим на Агенцијата за лекови и медицински средства (МАЛМЕД), учествуваше на 13-тиот симпозиум во организација …