понеделник , 25 септември 2017
sad-izbori

Три американски држави одбија руски претставници да ги набљудуваат претседателските избори

Оклахома, Луизијана и Тексас го отфрлија барањето на официјални руски претставници да присуствуваат во избирачки места за време на изборите во САД на 8 ноември.

 Вработен во рускиот генерален конзулат во Хјустон минатиот месец испратил  писмо до државниот секретар на државата Крис Бенџ, искажувајќи желба да испрати претставник на конзулатот со цел „изучување на американското искуство при организација на изборниот процес”.

Бенџ го отфрлил барањето, со образложение дека законодавството на Оклахома забранува на други, освен на изборни службеници и избирачи,  да присуствуваат за време на гласањето.

Слични барања на руски службеници биле отфрлени и од државите Луизијана и Тексас.

Слични написи

hakerski napadi

Хакерски упад во безбедносниот софтвер CCleaner зарази 2 милиони компјутери

Повеќе од 2 милиони луѓе кои го спуштиле безбедносниот софтвер CCleaner ги заразиле своите компјутери …