понеделник , 21 август 2017
narcis

Три ментални игри кои обожуваат да ги играат мажите – нарциси

Нарцис, убавото момче кое толку многу се вљубило во одразот на својот лик којшто го видел во водата па се удавил, не постои само во легендите. Во денешно време, за жал, сé уште се среќаваат многу нарцисоидни мажи, кои сакаат да играат ментални игри со спротивниот пол.

Некои ја кријат оваа непријатна особина, а други отворено го прокламираат фактот дека се нарцисоидни и не може да си помогнат во врска со тоа.

Па еве како најдобро може да ги препознаете мажите нарциси и игрите кои тие ги играат:

Оној кој има превисоко мислење за себеси

Замислете ситуација, го прашувате партнерот дали би сакал да оди на краток одмор или викенд со вас, а тој сериозно ви одговара: Дали имаш идеја што ќе се случи на работа ако сега земам одмор? Ќе пропадне целото место без мене!

Нарцисите се убедени дека светот/животот/работното место/домот ќе се распадне без нив.

Тие постојано зборуваат колку се важни поради работата која ја вршат, каде биле, што ќе купат следно и уживаат да потенцираат важни луѓе и звучни имиња. Ве опсипуваат со непотребни податоци, со кого излегле или колку пари потрошиле, а многу ретко ги поставуваат овие прашања за нечиј туѓ живот.

Целиот разговор е еднонасочен и повеќе потсетува на монолог, каде што слушате сé поврзано со личноста и меговите достигнувања.

Тие се суетни, вообразени и неретко претенциозни. Немаат трпение да чекаат ништо и никого и вообичаено избувнуваат во бес и неоправдан гнев. Во себе си мислат – Како може да ме остават да чекам толку долго, зарем не знаат кој сум јас?!

Оној кој нема емпатија за никој друг освен за себе

Раскажувате како сте дознале дека вашиот колега од факултет е болен од рак, а партнерот бездушно одговара: Па така и му требаше, што очекуваше на толку многу цигари и непрестајно пушење?

Ова е класичен пример на нарцисоидна личност којашто нема емпатија, односно сожалување за никој друг освен себеси. Тие напросто уживаат да ги клоцаат луѓето додека се на земја.

Омаловажувањето на другите луѓе им дава потајно задоволство и ги прави да се чувствуваат подобро, повредно, позначајно. Длабоко во себе кријат чувство на инфериорност и фрустрации, иако се обидуваат да се претстават како супериорни во однос на сите луѓе околу нив.

Оној кому критиката и нападот му се главни одбранбени механизми

Вие како професионален тренер се обидувате да му кажете на партнерот дека вежбите ги прави погрешно и немаат никаков ефект. Наместо да се заинтересира како се прават правилно или да се заблагодари на советот, тој избувнува: Ги правам супер, а вистината е дека не ми се ни потребни, затоа што изгледам одлично! Гледај си ја твојата работа!

Класичното однесување на нарцисот вклучува критика и директен вербален напад како главен одбранбен механизам.

Критиките и советите ги земаат при срце мошне сериозно и возвраќаат жестоко и со лутина.

Сакаат работите да се одвиваат онака како што замислиле и во моментот кога ќе престанете да го правите она што тие го сакаат, почнуваат да се лутат.
Овие состојби на нарцисоидност се сериозни и најчесто се потребна стручна помош за нивно надминување. Доколку партнерот е свесен за овие недостатоци и има желба да се промени, може да му ја понудите својата помош и да почекате да се променат некои работи во врската.

Во спротивно, само си го губите своето време

Слични написи

beni

Немој да се курчиш-нова песна на Бени & Нон стоп

„Никој не се смее, сè полудено“. Се само еден стих од новиот рокенрол на Бени …