сабота , 23 септември 2017
8E1xTkKpQPurdV1mAfuw

Три средства за детално чистење на мобилниот телефон

8E1xTkKpQPurdV1mAfuw
Типичен женски проблем е чистењето на големиот екран на мобилниот кој често знае да се замасти од пудрата и руменилото. За среќа, постојат начини како едноставно да ги отстраните масните дамки на мобилниот.

1. Крпа за прашина

Крпата за прашина е направена од микро влакна кои не ја пропуштаат прашината, па истата е идеална за чистење и на мобилниот.

Врвот на крпата малку потопете го под вода, добро процедете го и пројдете го целиот екран. Внимавајте, потребно е да ги заобиколите микрофонот и звучникот.

На крајот, целиот екран пројдете го со сувата страна на крпата.

2. Стапчиња за уши

Стапчињата за уши се совршено помагало при деталното чистење на мобилниот. Со нив лесно можете да ги исчистите тешко достапните места како рабовите и аглите на мобилниот каде најчесто се собираат бактериите.

Измешајте 60% вода и 40% медицински алкохол. Во течноста потопете го стапчето за уши и со него нежно пројдете ги рабовите на мобилниот телефон.

3. Оцет и вода за дезинфекција

На самиот екран на мобилниот телефон се собираат голем број на бактерии кои се пренесуваат од прстите, па добро е да го дезинфицирате.

Измешајте алкохолен оцет и вода во размер 50:50 и во течноста потопете го врвот од крпата за прашина.

Добро исцедете го вишокот на течност и со влажниот дел од крпата избришете го екранот, а потоа со сувиот дел уште еднаш избришете го целиот мобилен телефон.

Слични написи

race

Рацете говорат дали сте личност со топло срце или студена внатрешност! Проверете!

Психолозите спровеле истражување над 60 волонтери и за тоа време им давале лосиони кои ги …