вторник , 25 јули 2017
трик 11

Трикови со кои цвеќињата ќе ви цветаат почесто

Многу често цвеќињата страдаат од нередовно наводнување или недоволна нега и дохрана.

3-trikovi-so-koi-cvekinjata-ke-vi-cvetaat-pocesto-01_copy.jpg

Но, ако сè правите како што треба за да го одржите цвеќето во живот, а тоа упорно не цвета како што би требало, испробајте некој од овие 3 трикови.

Ставете мраз наместо вода

Ставањето на 2 коцки мраз еднаш неделно е сосема доволно. Овој метод е одличен за наводнување на цвеќиња во висечки саксии или за орхидеи.

3-trikovi-so-koi-cvekinjata-ke-vi-cvetaat-pocesto-02.jpg

Дохрана

Добар трик е во коцките мраз да ставите и малку течно ѓубриво. Направете мешавина од 1-2 лажици течно ѓубриво и вода, и замрзнете го во калапи за мраз. Доволна е само 1 коцка мраз со ѓубриво во неделата.

3-trikovi-so-koi-cvekinjata-ke-vi-cvetaat-pocesto-03_resize.jpg

Топла вода за поттикнување на растот

За цвеќињата кои никако не можат да пораснат и да ги отворат цветовите, добро би било да се обидете да ги поливате со топла вода од околу 25-30 степени.

3-trikovi-so-koi-cvekinjata-ke-vi-cvetaat-pocesto-04_resize.jpg

Слични написи

silicone-heart

ВИДЕО: 3Д печатено силиконско срце бие како вистинско

Напредните техники за 3Д печатење со кои се произведуваат меки роботи и машини во иднина …