вторник , 26 септември 2017
francijaPolicija-kola-540x320

Тројца млади убиени во престрелка во Марсеј

francijaPolicija-kola-540x320Три млади лица се убиени во текот на ноќта во северниот дел од Марсеј. Полицијата смета дека нивното убиство е поврзано со трговија со наркотици, јавува дописникот на МИА од Париз.

Двајца од убиените се на возраст од 15 години, третиот е на возраст од 24 години. Тие биле погодени од истрели од автоматско оружје во квартот Лорие во 13-от арондисман на Марсеј, во 2,30 часот по полноќ.

Жртвите се наоѓале во влезот на една зграда, кога напаѓачите кои пристигнале со два автомобили стрелале врз нив со автоматско оружје. На местото на несреќата се најдени чаури од 9 мм, но не од калашников, кој најчесто се користи последниве години во престрелките во Марсеј и во другите француски предградија.

Веднаш по драмата беа пронајдени два изгорени автомобили во Гарден, на 20 км од Марсеј. Се претпоставува дека станува збор за автомобилите кои биле користени во нападот. Една од жртвите, 24-годишниот и бил познат на полицијата, но не и малолетниците.

Министерот за внатрешни работи Бернар Казенев,причината за престрелката на поврза со трговија со наркотици, нагласувајќи дека „овие акти на насислтво се неприфатливи“ и потсети на постојаната борба против организираниот криминал, што ја води владата.

Квартот Лорие во Марсеј всушност е познат како место на трговија со дрога. Во мај годинава полицијата изведе масовна акција на пребарување на квартот во која беа вклучени 300 полицајци. Притоа во операцијата беа уапсени 20-тина лица.

Слични написи

hakerski napadi

Хакерски упад во безбедносниот софтвер CCleaner зарази 2 милиони компјутери

Повеќе од 2 милиони луѓе кои го спуштиле безбедносниот софтвер CCleaner ги заразиле своите компјутери …