недела , 22 октомври 2017
101578591.jpeg

Тројца убиени во напад врз воен објект во Дијарбекир

101578591.jpegЕден турски војник и двајца борци на Курдистанската работничка партија (ПКК) денеска се убиени во напад на милитантите врз воен објект во југоисточната провинција Дијарбекир, соопштија турски безбедносни извори.

Во нападот на милитантите ранети се уште најмалку четворица војници и едно лице, пренесоа британските медиуми.

Судирите во Турција во последните неколку дена станаа се почести. Освен на југоисток од земјата, населен главно со Курди, пред два дена беа нападнати и една полициска станица во Истанбул и американскиот конзулат во овој град на Босфорот.

Истовремено, турската армија ги интензивира воздушните напади врз упориштата на ПКК како во Ирак, така и во самата Турција, а турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган истакна дека кампањата против ПКК ќе продолжи „до последниот терорист“.

Слични написи

zagreb

Загреб: Извикувал „Зиг хајл“ и напаѓал луѓе со солзавец

Во центарот на Загреб се случи инцидент во кој полесно е повредено едно лице, јавуваат …