вторник , 26 септември 2017
132856261-540x320

Трудо: Канада ги повлекува борбените авиони од Ирак и Сирија

132856261-540x320Новиот канадски премиер Џастин Трудо изјави дека на претседателот на САД Барак Обама му порачал оти канадските борбени авиони ќе бидат повлечени од борбата против Исламска држава во Ирак и Сирија, но не прецизираше кога тоа ќе се случи.

Трудо на прес-конференција изјави дека со Обама разговарал по телефон и оти посочил дека канадската борбена мисија ќе заврши.

Канада минатата година испрати борбени авиони ЦФ-18, кои би требало да останат во мисија до март 2016 година, како и 70 специјалци за обука на Курдите во северен Ирак.

За време на предизборната кампања Трудо вети дека ќе ги врати борбените авиони во Канада и ќе стави крај на нивната мисија во Ирак и Сирија, додека екипите за обука ќе продолжат да работат.

Во телефонскиот разговор Обама му честитал на победата на новиот канадски премиер на изборите во понеделникот.

Слични написи

hakerski napadi

Хакерски упад во безбедносниот софтвер CCleaner зарази 2 милиони компјутери

Повеќе од 2 милиони луѓе кои го спуштиле безбедносниот софтвер CCleaner ги заразиле своите компјутери …