недела , 24 септември 2017
tsakalotos

Цакалотос ги обвини кредиторите за двојни стандарди

Грчкиот министер за финансии Евклидис Цакалотос ја обвини денеска Германија и другите кредитори за двојни стандарди поради спорот со Меѓународнот монетерен фонд (ММФ), поради што може да доцни следната транша од спасувачката програма за Атина, пишува денеска весникот „Катимерини“.

На прес-конференцијата во Франкфурт, Цакалотос истакна дека кредиторите го поддржуваат ММФ кога настојуваат за реформи, но стојат настрана кога се апелира за помалку оптоварувања за Грција, со цел да се задржи стабилноста на плаќањата на долговите, наведува весникот.

– Доколку Холандија и Германија го сметаат ММФ за одлична институција, тогаш треба да слушнат што таа институција зборува за грчкото должничко бреме, нагласи Цакалотос.

Слични написи

dragan tevdovski

Македонија ќе добие Стратегија за управување со јавни финансии 2018-2021

Македонија до крајот на годината ќе ја добие првата Стратегија за управување со јавните финансии …