недела , 22 октомври 2017
114011671

Цакалотос: Се ближат предвремени избори

114011671
Министерот за финансии на Грција Евклидис Цакалотос изјави дека ќе се распишат предвремени парламентарни избори.

– Од она што го знам, се ближат предвремени избори, изјави министерот Цакалотос пред Парламентот, пренесе БТА.

Тој нагласи дека сега ситуацијата не е како во 2012 година, кога беше формирана претходната влада чиј шеф беше Андонис Самарас.

– Сега имаме договор со кредиторите како што немаше тогаш, наведе Цакалотос.

Премиррот Алексис Ципрас се очекува денеска да има средби со членови на Владата и претставници од владејачката коалиција на радикалната левица Сириза за да се разгледаат идните чекори на грчката Влада.

На 14 август за ратификација на договорот со кредиторите гласаа само 118 пратеници од Сириза и Независни Грци и премиерот изјави дека ќе побара од Парламентот да гласа доверба на Владата. Опозициските Пасок и Нова Демократија веќе најавија дека нема да дадат поддршка за Владата на Ципрас.

Слични написи

zagreb

Загреб: Извикувал „Зиг хајл“ и напаѓал луѓе со солзавец

Во центарот на Загреб се случи инцидент во кој полесно е повредено едно лице, јавуваат …