петок , 22 септември 2017
цаневска

Цаневска: Прашања до амбасадорот на Република Франција, Кристиан Tимоние

Ваша екселенцијо, дали Ве информираа дека утре кога ќе ја одликувате директорката на Академијата за судии и јавни обвинители Анета Арнаудовска, со орден Витез на Националниот ред за заслуги, ќе ја засрамите демократска и пријателска Франција.
Каква европска иднина може да гради личност која цели три години го крши Законот и не ја напушта директорската фотеља, бидејќи нема право на трет мандат?
За каква компетентност на Арнаудовска кажувате после најновиот скандал во Академијата. Арнаудовска упорно молчи и сака да го забошоти криминалот со фалсификувание дипломи на „подобни“ кандидати за обвинители?
За каква непристрасност кажувате кога Арнаудовска одлучи јубилејот на Академијата да го слави во Музејот на ВМРО?

ФБ статус на Катерина Цаневска

Слични написи

шамија

Омбудсман: На девојчињата во Охрид да им се дозволи со шамија да ја следат наставата

Народниот правобранител најостро ја осудува постапката на Министерството за образование, кое со испратениот допис  му …