вторник , 27 јуни 2017
zaplena

Царина запленила објектив за фотоапарат, средства за потенција, цигари, девизи и хемикалии

Во текот на минатите две недели, царинските службеници открија една измама и неколку обиди за криумчарење, при што привремено се задржани девизи, средства за подобрување на потенција, цигари, објектив за фотоапарат и таблети за дезинфекција на вода во базени.
Задржана е следната стока:

Девизи
– 2.400 евра и 2.700 швајцарски франци, откриени на скопскиот аеродром Александар Велики, при личен претрес на македонски државјанин кој имал намера да отпатува со лет за Базел. Во паричник сместен во заден џеб од панталоните на патникот биле пронајдени 4.400 евра и 2.700 швајцарски франци, за кои не поседувал документ за потекло. Согласно законските прописи, 2.000 евра – износ што резидент може слободно да го изнесе од државата, му се вратени на патникот а за сторениот прекршок е поведена прекршочна постапка.

Средства за подобрување на потенција и цигари
– 566 парчиња и 20 пакувања средства за подобрување на потенција и 53 штеки цигари, откриени во два одвоени случаи на скопскиот аеродром Александар Велики,
Во првиот случај, при контрола на патниот куфер на турски државјанин кој допатувал со лет од Истанбул, биле пронајдени 566 парчиња и 20 пакувања средства за подобрување на потенција во облик на таблети, чоколади и кафе. Непријавените производи се привремено задржани а против патникот ќе биде поведена прекршочна постапка.
Во вториот случај, по пријава на службата за рентгенска контрола дека во куфер сопственост на македонски државјанин, кој патувал со лет за Стокхолм, била забележана поголема количина на цигари, патникот бил вратен на царинска контрола, при што во неговиот куфер биле откриени 53 штеки цигари од марките Pall Mall red 100s со македонски акцизни маркички. Цигарите се привремено задржани, а против патникот е поведена прекршочна постапка.

Хемикалии
– 4.968 килограми таблети за прочистување на вода во базени, откриени во царинската испостава Гевгелија, при контрола на стока декларирана како ТРИПЛЕКС таблети од 200 грама, пријавена за увозно царинење, наменета за увозник од Скопје. При контрола на документацијата и врз основа на резултати од анализа земени мостри од претходен увоз на истиот вид на стока, царинските службеници констатирале дека стоката е погрешно декларирана според царинската тарифа, со што се избегнати мерки на трговска политика, односно увозникот не поседувал Одобрение за увоз на опасни и други видови хемикалии од Министерството за здравство. Царинската испостава изготвила Записник за распоредување на стока според царинската тарифа, Записник за мерки на трговска политика и Записник за привремено задржана стока, но поради тоа што увозникот не се согласил со записниците, била земена мостра и била испратена на анализа во Царинската лабораторија.

Објектив за фотоапарат
– 1 објектив, марка Angenieux Optimo style 16-40mm PL Metric, откриен на скопскиот аеродром Александар Велики, при контрола на багажот на македонски државјанин, кој допатувал со лет од Загреб. Во ранецот на патникот бил пронајден фотоапарат на кој бил прикачен објектив, за кој во истиот ранец биле пронајдени фактура со дата 19.05.2017 година, ЕУР1 и образец за поврат на ДДВ со дата 20.05.2017 година, заверен од хрватската царинска служба. Непријавениот објектив е привремено задржан а против патникот е поведена прекршочна постапка.

Измама
Во царинска испостава Кавадарци е откриен обид за избегнување плаќање увозни давачки со погрешно декларирање на стока.
Увозник од Кавадарци пријавил за увозно царинење машини за перење и сушење на алишта, при што декларирал дека стоката е со потекло од Белгија, со цел стекнување на статус на стока со преференцијално потекло и царинење со стапка за царински давачки од 0%.. Поради сомневање во правилното декларирање на потеклото на стоката, царинските службеници извршиле физички преглед на стоката при што било утврдено дека потеклото на стоката е од Соединетите Американски Држави. Царинска испостава Кавадарци изготви Записник за утврдување на потеклото на стоката, изврши дополнителна пресметка на увозни давачки од околу 39 илјади денари и спроведе прекршочна постапка со мандатна казна против увозникот.

Слични написи

zaev soopstenie

Премиерот Заев испрати честитка до новиот претседател на Р. Србија, Вучиќ

Премиерот на Република Македонија, Зоран Заев, испрати честитка за инаугурацијата на новиот претседател на Република …