недела , 22 октомври 2017

ЦАРИНСКАТА УПРАВА ГО КАЗНИ ПРИЛЕПСКИОТ ТУТУНСКИ КОМБИНАТ

tutunski kom
Пишува:
Зоран Милошески

За направен царински прекршок, Царинската управа на Република Македонија го казни „Тутунски Комбинат“ АД Прилеп со парична казна во висина од 12.000 евра.

Според информациите до кои дојде РеволуционерМк, казната е изречена заради административен пропуст на вработените во комбинатот при испораката на тутун во Република Грција. Поточно, станува збор за тутун кој со 40 камиони бил испратен на доработка во грчкиот град Ксанти, во фирмата „Секе“.  

Од „Тутунски Комбинат“ АД Прилеп ниту ја потврдија ниту ја демантираа информацијата. Нашите прашања упатени до Генералниот извршен директор Александар Дерменџиев за причините за изрекувањето на казната, како и за евентуалните санкции кон вработеното лице по чија вина комбинатот е казнет, останаа без одговор.    

Во ситуација кога прилепскиот „Тутунски Комбинат“ се бори да излезе од списокот на фирми загубари и кога секој денар е драгоцен, плаќањето казни како резултат на нестручноста и неодговорноста на поединци вработени во администрацијата, секако дека не оди во прилог на таквите заложби.

Впрочем, такви беа и очекувањата на првиот човек на комбинатот Дерменџиев, кој најави дека со завршната сметка за 2015 година „Тутунски Комбинат“ ќе биде избришан од листата на загубари.

Слични написи

2-ALIMS-13ti-simpozium-2017-1024x986

Бекировски учествуваше на симпозиум во организација на Агенцијата за лекови и медицински средства на Србија

Стручниот тим на Агенцијата за лекови и медицински средства (МАЛМЕД), учествуваше на 13-тиот симпозиум во организација …