вторник , 24 октомври 2017
uprava

Царинската управа и Агенцијата за лекови ќе соработуваат за безбедност на лековите

Царинската управа и Агенцијата за лекови и медицински средства, во вторник потпишаа Меморандум за соработка како резултат на добрата долгогодишна соработка.

Меморандумот е поттик за интензивирање на взаемната соработка во делот на царинското законодавство и законодавството кое ја регулира контролата на лековите и медицинските средства. Целта на Меморандумот за соработка е да се овозможи високо ниво на заштита на населението од аспект на безбедност на лековите, медицинските средства, граничните производи и препаратите кои содржат опојни дроги и психотропни супстанции, како и олеснување, поедноставување и побрз меѓународен проток на ваквиот вид на стока.

Со потпишување на Меморандумот, Царинската управа и Агенцијата за лекови и медицински средства изразија волја за унапредување на соработката и јакнење на меѓусебната помош, следење, усогласување, оптимизација и изнаоѓање решенија на евентуални проблеми./Макфакс

Слични написи

2-ALIMS-13ti-simpozium-2017-1024x986

Бекировски учествуваше на симпозиум во организација на Агенцијата за лекови и медицински средства на Србија

Стручниот тим на Агенцијата за лекови и медицински средства (МАЛМЕД), учествуваше на 13-тиот симпозиум во организација …