сабота , 22 јули 2017
mila

Царовска: Ако сте загубиле социјална помош поради брз трансфер на пари, конкурирајте пак

Корисниците на социјална парична помош што го загубиле правото поради пари добиени по брз трансфер во текот на претходната власт, да се обратат до центрите за социјална работа во градовите низ Македонија и повторно да побараат социјална парична помош, порача министерката за труд и социјална политика, Мила Царовска. Таа појасни дека во целата земја има 910 такви случаи.

– И сè ова е направено без законска основа, поради тоа што парите примени преку брз трансфер не се приходи за ниту едно семејство, затоа што ниту се даночат ниту се препишуваат во Управата за јавни приходи. Затоа со последната измена на правилникот се ослободуваат граѓаните од парите што ги примиле преку брз трансфер да не им се пресметуваат како приходи во нивното семејство, поради тоа што често тие средства не се од членови од семејството коe има обврска по закон да ги издржува – објасни министерката при посетата на Центарот за социјални работи во Куманово.

Слични написи

image-0-02-05-24287f281545733e143196a6dc667acc32ba038649d55d7ed1db03937039a43d-V

Едночасовен застој кај Удово, возилата пренасочени кон Јосифово

Околу еден час има застој на патот Удово-Марвинци. Големата колона на возила од Удово се …