петок , 18 август 2017
oriz

Цело време погрешно го варите оризот: Како е правилно?

Научниците велат дела милиони луѓе неправилно го готват оризот и заради тоа ризикуваат да си наштетат на здравјето.

Неодамнешни експерименти покажале дека најчест начин на подготвување на оризот е да се вари во веќе зовриена вода, но и дека тоа не е доволно за да се отстрани арсенот.

Во земјата со децении се акумулираат индустриски токсини и пестициди кои содржат арсен, а тие преку коренот на растенијата се апсорбираат и во производот кој подоцна го јадеме.

Тие токсини и арсен можат да предизвикаат низа здравствени проблеми како кардиоваскуларни заболувања, дијабетес и рак.

За да покаже дека ова е вистина, професорот Енди Мирг, ни покажува три начини на варење на оризот:

1. Првиот е оној најчестиот начин на варење – варење на оризот во вода 2:1. На овој начин водата целосно испарува и еден дел се апсорбира во оризот, а така арсенот останува во оризот.

2. Вториот начин бил да вари ориз во вода 5:1. Остатокот од водата го прецедил и потоа мерел нивоа на арсен во истата. На овој начин дури половина од апсорбираниот арсен се чисти од оризот.

3. Во третиот го оставил оризот да отстои преку ноќ. Со овој начин на подготвување дури 80% од арсенот се исфрла преку вода.

Затоа, најбезбеден начин на готвење на оризот е: да го оставите да отстои во вода преку ноќ, потоа неколкупати да го премиете и на крајот да го варите.

Слични написи

beni

Немој да се курчиш-нова песна на Бени & Нон стоп

„Никој не се смее, сè полудено“. Се само еден стих од новиот рокенрол на Бени …