петок , 22 септември 2017
starski dom cena

Цената за “старскиот” во Берово трипати повисока од пензиите

starski dom cena
„Д-р Иван Влашки“, првиот старски дом во регионот, ги изневери очекувањата на старите од истоков. И овој дом ќе биде тешко достапен за нив, бидејќи месечно цената на сместување чини 25 илјади денари. Ако се земат предвид пензиите на старите на истоков, тешко дека некој од нив ќе може да се смести во домот:
„Тоа е прескапо, дури и за лица со средна пензија, а не,пак, за оние со мала“, велат пензионери.

Цената за сместување во беровскиот старски дом кој е инаку јавна општинска установа, е иста како и во некои приватни старски домови во државава, а таа се коси и со уверувањата на министерот Спасов , кој очекуваше овде да се сместат лица со пониски примања.

„Условите се одлични се надевам дека домот ќе биде достапен и за најсиромашните и изнемоштени лица“, рече министерот Диме Спасов, при отворањето.

Зошто Берово побарува толку пари од старите?
„Ние мора да работиме рентабилно. Оваа цена е на работ на економска издржливост“, кажа Ѓорѓи Пеовски, од општина Берово.
Од Општината се надеваат дека зголемувањето на капацитетите може да придонесе за намалување на цената:
„Со поголем број сместени лица и поддршка од државата, се надеваме дека ќе можеме да ја намалиме цената“, истакна Пеовски.
Инаку, огласот за прием на 15 станари, Берово го објави деновиве, а според него, станарите овде освен да платат 25 илјади, треба да се постари и од 65 години и да се во добра психофизичка состојба.

Извор: ТвСтар / Даниела Такева

Слични написи

шамија

Омбудсман: На девојчињата во Охрид да им се дозволи со шамија да ја следат наставата

Народниот правобранител најостро ја осудува постапката на Министерството за образование, кое со испратениот допис  му …