недела , 20 август 2017
opstina-centar

Центар ќе изгради парк за миленичиња

Општина Центар информира дека започна со изградба на парк за миленичиња, токму на Светскиот ден на љубов кон миленикот.

Паркот е сместен во рамките на „Паркот на новинарите”, спроти Министерството за образование и наука, и е на површина од 308 метри квадратни. За поголема безбедност, просторот ќе биде опколен со ограда висока 2 метри

Од Центар велат дека паркот ќе биде збогатен и со урбана опрема, односно клупи и корпи за отпадоци. Во договор со граѓаните, ќе бидат поставени и реквизити за миленичињата и ќе овозможи активно дружење со домашните миленици.

Слични написи

Hristijan-Kostov

Костов: Болницата „8 Септември“ има долг од пет милиони евра

Градската општа болница „8 Септември“ има долг од 5 милиони евра или околу 243 милиони …