вторник , 26 септември 2017
cerar_miro_bobo_13.02.13

Церар ја критикува Хрватска за односот кон мигрантската криза

cerar_miro_bobo_13.02.13Словенечкиот премиер Миро Церар го критикува однесувањето на Хрватска во однос на кризата со мигрантите и тврди дека Загреб не ги почитува оперативните договори за бројот на мигрантите кои праќа во Словенија, пренесува БТА.

– Од земја членка на ЕУ би очекувал поинакво однесување, изјави Церар за германскиот весник „Велт”.

Церар вели дека одржува постојан контакт со хрватскиот колега Зоран Милановиќ, но на „работно ниво” нема комуникација и соработка, неопходни во сегашната миграциска криза.

Тој потсетува дека Словенија е најмалата држава на балканскиот пат на мигрантите, што го ограничува нејзиниот капацитет за контрола на границите и да прифаќа мигранти.

– Ги повикуваме ЕУ и сите членки, тежината од мигрантскиот бран да биде праведно распределена, рече словенечкиот премиер, заклучувајќи дека е неопходна координација меѓу сите држави. Воедно тој побара проблемот да се решава долгорочно и тоа онаму каде се појавил, односно во Сирија, Ирак и Авганистан.

Слични написи

hakerski napadi

Хакерски упад во безбедносниот софтвер CCleaner зарази 2 милиони компјутери

Повеќе од 2 милиони луѓе кои го спуштиле безбедносниот софтвер CCleaner ги заразиле своите компјутери …