недела , 22 октомври 2017
citi

ЦИЕС: Манчестер Сити го има најскапиот тим

Меѓународниот центар за спортски студии (ЦИЕС) направи листа на најскапите фудбалски тимови. Помалку изненадувачки, лидер на листата е Манчестер Сити, иако Пари Сен Жермен летово го реализира најскапиот трансфер во историјата на фудбалот.

Манчестер Сити во летниот преоден рок потроши 215 милиони фунти на засилувања па вредноста на тимот порасна на 853 милиони евра. Три милиони евра помалку вреди ПСЖ, а меѓу најскапите три тима е и Манчестер Јунајтед (784).

„Црвените ѓаволи“ минатата сезона беа на првото место, но на најновата листа на ЦИЕС се трети, иако вредноста на тимот пораснала за 66 милиони фунти.

ЦИЕС во истражувањето покрил пет држави (Франција, Англија, Германија, Италија, Шпанија).

На оваа листа доминира Премиер лигата, која во Топ 10 има шест тимови, а исто така е најдобра и според просечната вредност на тимовите, 287 милиони евра по клуб (261 милион фунти).

Слични написи

iniesta

Иниеста потпиша доживотен договор со Барселона

Андрес Иниеста потпиша уникатен договор со Барселона, кој има доживотна важност. Ова е посебен начин …