вторник , 26 септември 2017
Aleksandar-Lukasenko-002

ЦИК: Со 83,49% гласови, Лукашенко победник на претседателските избори во Белорусија

Aleksandar-Lukasenko-002
Претседателот на Белорусија Александар Лукашенко освои 83,49 отсто од гласовите на претседателските избори и обезбеди петти мандат, соопшти Централната изборна комисија.

Претседателот на Комисијата Лидија Јермошина, на прес-конференција емитувана во живо на телевизија, соопшти дека активистката од кампањата „Зборувај вистина“ Татјана Короткевич е втора, со освоени 4,42 отсто од гласовите на избирачите.

Одзивот на изборите во Белорусија бил 86,75 отсто.

Двајцата противкандидати на Лукашенко на претседателските избори – лидерот на Либералн-демократската партија Сергеј Гајдукевич и лидерот на Белоруската патриотска партија и врховен атаман на белоруските козаци Николај Улахович, веќе му ја честитаа победата.

Актуелниот претседател на функцијата шеф на државата избран е во 1994, 2001, 2006 и 2010 година.

Слични написи

hakerski napadi

Хакерски упад во безбедносниот софтвер CCleaner зарази 2 милиони компјутери

Повеќе од 2 милиони луѓе кои го спуштиле безбедносниот софтвер CCleaner ги заразиле своите компјутери …