вторник , 24 октомври 2017
PM-Alexis_Tsipras-640x320

Ципрас упати честитка до премиерот Заев по повод преземањето на должноста

Премиерот на Република Грција, Алексис Ципрас, денеска упати честитка до претседателот на Владата на Република Македонија, Зоран Заев, по повод преземањето на премиерската должност.

-По повод преземањето на Вашите должности како Премиер, ви изразувам честитки и најдобри желби за успех, истакнува премиерот на Грција, Алексис Ципрас.
-Република Грција останува посветена на промовирањето на стабилноста, безбедноста и соработката во Југоисточна Европа. Врз основа на ова, мојата Влада е спремна тесно да соработува со Вашата, со цел да ја зајакнеме нашата билатерална соработка и односи, вклучително и преку тековните мерки за градење доверба, додава Ципрас.
-Уверен сум дека Вашата Влада ќе покаже политичка решителност да работи на промовирање на позитивна агенда за нашите билатерални односи, оставајќи ги зад себе, еднаш засекогаш, анахронизмите од минатото и фокусирајќи се на иднината на нашите земји и регионот. Во очекување сум на блиска соработка со Вас, почитуван колега, стои во честитката на грчкиот премиер Алексис Ципрас до премиерот на Република Македонија, Зоран Заев.

Слични написи

2-ALIMS-13ti-simpozium-2017-1024x986

Бекировски учествуваше на симпозиум во организација на Агенцијата за лекови и медицински средства на Србија

Стручниот тим на Агенцијата за лекови и медицински средства (МАЛМЕД), учествуваше на 13-тиот симпозиум во организација …