недела , 24 септември 2017
PM-Alexis_Tsipras-640x320

Ципрас: Засрамен сум од неможноста на ЕУ да се справи во бегалците

PM-Alexis_Tsipras-640x320Егејското Море не само што исфрла детски тела на брегот, туку ја исфрла и културата на ЕУ, изјави грчкиот премиер Алексис Ципрас во Парламентот.

– Се чувствувам засрамен од неможноста на Европа ефикасно да се справи со оваа драма, додаде Ципрас истакнувајќи дека се чувствува засрамен и од дискусијата на ниво на самит.

– Солзите исплакани денеска се лицемерни, бидејќи на брeгот не се исфрлени само мртви деца, туку тоа исто така се деца кои се наредени на патот кон егзил, рече грчкиот премиер.

Како што јави дописникот на МИА од Атина, тој нагласи дека примарна задача е „да се ограничи хуманитарната трагедија“ и додаде дека Грците знаат што значи да се биде бегалец.

Затоа, рече тој, примарна хуманитарна должност на Грците е да ги спасат животите на бегалците и да се потрудат да се избегнат слични инциденти.

Покрај ова, Ципрас ја нагласи и потребата да се задржи ставот во согласност со европските вредности и да се изолираат екстремните расистички појави кои постојат во Грција и во Европа.

Слични написи

шамија

Омбудсман: На девојчињата во Охрид да им се дозволи со шамија да ја следат наставата

Народниот правобранител најостро ја осудува постапката на Министерството за образование, кое со испратениот допис  му …