вторник , 26 септември 2017
superthumb

Цитати кои ќе ве поттикнат на позитивна промена

superthumb
Најјаките мотиви доаѓаат од неопходноста за промена. Но, не секогаш чувствуваме дека нешто мора да направиме, да постигнеме, да постанеме. Некогаш ни треба само мало поттурнување нанапред за да го издржиме денот, друг пат потребно е нешто многу посилно за да предизвика коренита промена во нас, која знаеме дека ни е потребна, а сами немаме сила да ја направиме.

Ви претставуваме 10 цитати кои се толку мотивирачки што и самите ќе изберете бар еден како пат по кој сакате да одите или цел која сакате да ја остварите.

           „Ако некој ви каже ‘Не можеш!’, всушност мисли ‘Јас не можам.’“ – Шон Стефансон

„Постои мала разлика помеѓу луѓето, но таа мала разлика прави голема разлика. Малата разлика е во ставот. Големата разлика е во тоа дали е позитивен или негативен.“ – Клемент Стон

„Што и да сакате да направите, направете го тоа веднаш. Толку малку утрежи преостануваат.“ – Мајкл Ландон.

„Среќата, како и несреќата, е работа на проактивен избор.“ – Стивен Кови

„Бидете меки. Не дозволувајте светот да ве направи крути. Не дозволувајте болката да ве натера да мразите. Не дозволувајте горчината да ви ја украде сладоста. Бидете горди на тоа што и понатаму верувате дека светот е убаво место, дури и кога остатокот од светот не се согласува со вас.“ – Курт Вонегут

„Мора да донесете одлука дека ќе продолжите понатаму. Тоа нема да се случи автоматски. Ќе мора да станете и да кажете ‘Не ми е гајле колку е ова тешко, не ми е гајле колку сум разочаран, нема да дозволам тоа да го украде најдоброто од мене. Продолжувам со својот живот.’“ – Џоел Остин

„Следниот пат кога ќе се чувствувате малку непријатно поради притисокот во вашиот живот, сетете се дека без притисок нема ни дијаманти. Притисокот е дел од успехот.“ – Ерик Томас

„Кога веќе не можеме да ја промениме ситуацијата, предизвикани сме да се промениме себеси.“ – Виктор Френкл

„Среќата често се протнува низ вратата која сте заборавиле дека останала отворена.“ – Џон Баримор.

„Најдобриот начин да стекнете самодоверба е да го правите она што се плашите да го правите.“ – Непознат автор.

Слични написи

race

Рацете говорат дали сте личност со топло срце или студена внатрешност! Проверете!

Психолозите спровеле истражување над 60 волонтери и за тоа време им давале лосиони кои ги …