петок , 22 септември 2017
132859218-540x320

Црквата „Саграда фамилија“ во Барселона станува највисоката религиска градба во Европа

132859218-540x320Благодарение на кревањето на шестте нови кули, црквата „Саграда фамилија“ за десетина години ќе стане повисока за 172.5 метри.

Славното ремек-дело на архитектот Антонио Гауди и една од најпрепознатливите туристички атракции на Барселона се подготвува да ја преземе титулата највисока религиска градба во Европа од катедралата во Улм, во Германија, што е висока 161.5 метри.

Архитектот Жорди Фаули наведува дека градбата ќе биде повисока за 172.5 метри, колу што изнесува височината на „Кулите на Исус Христос“ што тој ги проектирал.

Главните градежни работи треба да се приведат кон крај во 2026 година, на стогодишнината од смртта на Гауди, со што воедно ќе биде ставена точка на еден од најдолгите градежни проекти во светот – камен темелникот бил поставен далечната 1882 година, а црквата никогаш не е довршена.

Фаули, кој во 2012 година стана главен архитект на црквата, одби да го соопшти конечниот датум на завршувањето на градбата.

-Тешко е да се предвиди кога градбата ќе биде довршена, можеби до 2030 или 2032 година, рече тој.

„Саграда фамилија“ ја преживеа Шпанската граѓанска војна, диктатурата на Франсиско Франко и тешкиот пад на економијата како последица на должничката криза. Таа денеска се наоѓа на списокот на светско културно наследство на УНЕСКО, а годишно е посетена од 3.2 милиони посетители.

Слични написи

hakerski napadi

Хакерски упад во безбедносниот софтвер CCleaner зарази 2 милиони компјутери

Повеќе од 2 милиони луѓе кои го спуштиле безбедносниот софтвер CCleaner ги заразиле своите компјутери …