четврток , 29 јуни 2017
crna gora nato

Црна Гора денеска станува 29-та членка на НАТО

Црна Гора денеска официјално ќе биде примена во членство во НАТО, на церемонија што ќе се одржи во американскиот Стејт Департмент, јави денеска црногоската државна телевизија РТЦГ.

Според протоколот, на цермонијата во Вашингтон, црногорскиот премиер Душко Марковиќ на американскиот државен потсекретар Томас Шанон ќе му ги предаде документите за ратификација на членството во НАТО, со што Црна Гора официјално ќе стане 29-та членка на Алијансата.

Предвидено е на цермонијата да присуствува и генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг.

По официјалниот прием, на 7 јуни, пред седиштето на НАТО во Брисел ќе биде подигнато и знамето на Црна Гора. На оваа церемонија е предвидено да присуствува црногорскиот претседетел Филип Вујановиќ.

Во исто време, црногорското знаме ќе биде подигнато и пред Воената комада на НАТО во белгискиот град Монс и пред Задужената команда на Алијансата во американскиот град Норфолк.

Марковиќ за време на посетата во Вашингтон ќе се состане со потпретседателот на САД Мајк Пенс.

Слични написи

svleciste

Свлечиште во Кина зтрупа 40 куќи, 141 лице се водат за исчезнати

Најмалку 141 лице се водат како исчезнати откако поројни дождови предизвикаа лизгање на земјиштето во Југозападна …