сабота , 21 октомври 2017
milosh kontar

Црногорската опозиција бара предвремени парламентарни избори

Црна Гора се наоѓа во сериозна политичка криза, а единствен излез од неа е одржување на предвремени парламентарни избори, изјави потпретседателот на црногорската опозициска партија Обединета реформска акција (УРА), Милош Конатар.

Тој во интревју за подгоричкиот весник „Дан“ вели дека и на владејачката Демократска партија на социјалистите (ДПС) и е јасно дека нови избори се единственото решение.

– Очекувам дека за доброто на граѓаните и на Црна Гора, ќе биде постигнат договор за нови парламентарни избори и за создавање услови тие да бидат слободени и фер. Без датум за избори нема начин да се одблокира политичката криза во Црна Гора, додаде Конатар.

Тој оцени дека одговорноста за решавање на политичката криза не е на опозицијата, туку на актуелното, според него, „измислено парламентрано мнозинство, кое го узурпира Парламентот“.

Црногорската опозиција ја бојкотира работата на Собранието на Црна Гора уште од одржувањето на последните избори лани во октомври.

Слични написи

zagreb

Загреб: Извикувал „Зиг хајл“ и напаѓал луѓе со солзавец

Во центарот на Загреб се случи инцидент во кој полесно е повредено едно лице, јавуваат …