петок , 22 септември 2017
cvetanka ivanova

Цветанка Иванова нов генерален секретар на Собранието

Цветанка Иванова ќе биде новиот генерален секретар на Собранието на РМ. Изборот на Иванова на оваа значајна функција ќе биде по изборот на новата Влада.

Генералниот секретар, според Деловникот, се бира од Собранието по предлог на Комисијата за прашања на изборите и именувањата. Иванова, ќе има улога да ја организира работата на собраниските служби и да му помага на претседателот на Собранието во подготовките, организацијата и текот на заседанијата.

Иванова е дипломиран правник, пратеник од редовите на СДСМ од 2002 година, координатор на пратеничката група на СДСМ, претседател на Законодавно-правната и Комисијата за труд и социјална политика и координатор на женското лоби.

Слични написи

шамија

Омбудсман: На девојчињата во Охрид да им се дозволи со шамија да ја следат наставата

Народниот правобранител најостро ја осудува постапката на Министерството за образование, кое со испратениот допис  му …