среда , 26 јули 2017
dinamo

Цвитановиќ го наследува Петев на тренерското место во Динамо

Динамо Загреб на два дена пред почетокот на хрватскиот шампионат го отпушти тренерот Ивајло Петев и го назначи Марио Цвитановиќ за негов наследник.

Претседателот на Динамо Здравко Мамиќ му врачи отказ на бугарскиот стручњак поради лоша работа на подготовките и лоша атмосфера во соблекувалната, бидејќи практично Петев не зборува со клучните фудбалери, Самир, Чориќ и Фернандес.

Тренерот од Бугарија ќе добие обештетување за предвремен раскин на договорот кој му истекуваше во 2020 година и имаше годишна плата од 250.000 евра.

Петев минатиот септември пристигна во Загреб, го предводеше тимот во групната фаза на Лигата на шампионите без освоен бод и без даден гол.

На домашна сцена Динамо остана без трофеите во првенството и купот, откако Ријека е нов носител на „двојната круна“ во Хрватска.

Слични написи

keita

Ливерпул понудил, Лајпциг одбил 75 милиони евра за Кеита

Сопственикот на РБ Лајпциг, Дитрих Матешиц, рекол дека клубот одбил 75 милиони евра кои Ливерпул …