понеделник , 23 октомври 2017
erdoganS

Турскиот претседател повика за свикување парламентарни избори на 1. ноември

erdoganSТурскиот претседател Реџеп Таип Ердоган повика денеска за свикување на нови парламентарни избори на 1. ноември по неуспехот на преговорите за формирање на владејачка коалиција по изборите на 7. јуни.

– Доколу е божја волја Турција ќе гласа повторно на нови парламентарни избори на 1. ноември, истакна Ердоган пред новинарите при излегувањето од џамија во Истанбул.

Тој нагласи дека ќе се сретне со претседателот на Парламентот в понеделник за да ги преземе потребните чекори.

Ердоган ќе побара од премиерот Ахмет Давутоглу на почетокот на следната недела да формира преодна Влада, во која функциите ќе бидат распределени меѓу парламентарно претставените партии, изјавија високи турски функционери, јави БТА.

Рокот за преговорите за составување владина коалиција истекува на 23 август.

Слични написи

zagreb

Загреб: Извикувал „Зиг хајл“ и напаѓал луѓе со солзавец

Во центарот на Загреб се случи инцидент во кој полесно е повредено едно лице, јавуваат …