вторник , 24 октомври 2017
TURKEY-TERROR-ATTACK

Турското обвинителство испитува постоење на „хунта“ во армијата

Турското обвинителство покрена истрага поради можно постоење „група во рамки на војската“, која би можела да и „наштети на Владата“, јави денеска турската државна новинска агенција Анадолија.

Според агенцијата, Обвинителството од Истанбул покренало истрага по текстот објавен изминатиот викенд во весникот „Хуриет“, во кој се наведува дека воените штабови „се вознемирени“ поради критиките на сметка на војската.

Истрагата е започната како одговор на официјалната жалба од професор на еден факултет, кој наведува дека во текстот има докази за присуство на „влијателна и активна хунта“, наведува Анадолија.

Турската Влада во јули минатата година се соочи со неуспешен обид за државен удар, за што Анкара го обвинува исламскиот проповедник Фетулах Ѓул дека е организатор на превратот.

Слични написи

zagreb

Загреб: Извикувал „Зиг хајл“ и напаѓал луѓе со солзавец

Во центарот на Загреб се случи инцидент во кој полесно е повредено едно лице, јавуваат …