вторник , 26 септември 2017
kurdiTurska

Турција ги предупреди амбасадорите на САД и Русија против поддршката на сириските курдски борци

kurdiTurskaТурција вчера ги повика амбасадорите на САД и Русија и упати кон нив предупредување против секаков вид на поддршка за сириските курдски борци во рамки на операциите против џихадистичката група „Исламска држава“, соопшти турски официјален претставник, пренесува БТА.

Турските власти информираа за позицијата на Турција во однос на прашањето за сириската курдска партија „Демократска унија“, што Анкара ја смета за блиска до бунтовниците од ПКК, изјави  претставник на турското министерство за надворешни работи, додавајќи дека на амбасадорите биле упатени неопходни предупредувања.

Анкара партијата „Демократска унија“ ја смета за братска партија на Курдската работничка партија (ПКК), што води вооружена борба против турските сили за безбедност од 1984 година.

Пентагон во понеделникот објави дека од авиони фрла муниција и оружје за сириските курдски милиции, поврзани со партијата „Демократска унија“, што се борат против групата „Исламска држава“ во Северна Сирија.

Русија се вклучи во конфликтот во Сирија со поддршка на режимот на Башар ал Асад. Во изминатите денови Москва ги зајакна воздушните напади против бунтовничките движења, што војуваат против владините сили, вклучително против ИД.

Слични написи

hakerski napadi

Хакерски упад во безбедносниот софтвер CCleaner зарази 2 милиони компјутери

Повеќе од 2 милиони луѓе кои го спуштиле безбедносниот софтвер CCleaner ги заразиле своите компјутери …