вторник , 26 септември 2017
Ankara-Aftermath-OZCAN-YAMANAFPGetty-Images-640x480

Турција го откри идентитетот на бомбашот од Анкара

Ankara-Aftermath-OZCAN-YAMANAFPGetty-Images-640x480
Турските власти го идентификуваа едниот од двајцата бомбаши-самоубици што извршија два бомбашки напади во Анкара, во кои загинаа 102 лица.

Медиумите во Турција наведуваат дека братот на едниот од напаѓачите исто така бил бомбаш-самоубиец во претходен напад.

Канцеларијата на државниот обвинител во Анкара објави дека еден од напаѓачите е Јунус Емре Алагоз, додека властите се обидуваат да го утврдат идентитетот на другиот бомбаш-самоубиец.

Турските медиуми наведуваат дека братот на Алагоз се разнел во експлозија во напад во близина на границата со Сирија во јули, кога загинаа 33 луѓе.

Браќата, наводно, биле членови на турска ќелија на Исламска држава.

Кривичниот суд во Турција претходно одреди притвор за четири лица, осмничени дека се вмешани во бомбашките напади во Анкара.

Турските власти соопштија дека Исламска држава е „осомничен број еден“ за нападот за време на прокурдскиот мировен собир, на кој повикуваа за завршување на конфликтот помеѓу безбедносните сили и курдските бунтовници.

Слични написи

hakerski napadi

Хакерски упад во безбедносниот софтвер CCleaner зарази 2 милиони компјутери

Повеќе од 2 милиони луѓе кои го спуштиле безбедносниот софтвер CCleaner ги заразиле своите компјутери …