сабота , 21 октомври 2017
turci

Турција: Издаден налог за апсење на 254 лица поради врски со т.н. ФЕТО

Турските обвинители денеска издадоа налог за апсење на 254 лица, вработени во две министерства и во истанбулската општинска власт, поради наводна поврзаност со т.н. ФЕТО (Фетулахистичка терористичка организација), а во врска со минатогодинешниот обид за државен удар.

Јавниот обвинител на Истанбул денеска издаде налози за приведување на 112 вработени во градските власти.

Утврдено е дека лицата за кои се издадени налози за апсење биле корисници на мобилната апликација БајЛок (ByLock), користена за подготовка и спроведување на минатогодишниот обид за преврат.

Властите ги истражуваат корисниците на апликацијата БајЛок, која беше користена исклучиво од приврзаниците на Фетулах Ѓулен.

Во денешната операција, приведени се најмалку 67 лица за кои бил издаден налог за апсење.

Јавниот обвинител на Анкара издаде налози за апсење на 121 лице, вработени во Министерството за образование и 21 лице, поранешни вработени во Министерството за млади и спорт.

Вкупно 116 од 121 припадници од Министерството за образование веќе се веќе отстранети од работа, поради тоа што ја користеле спорната мобила апликација.

Министерството за внатрешни работи вчера соопшти дека во текот на изминатата недела биле приведени над 1.000 лица, поради наводни врски со т.н. ФЕТО.

Слични написи

zagreb

Загреб: Извикувал „Зиг хајл“ и напаѓал луѓе со солзавец

Во центарот на Загреб се случи инцидент во кој полесно е повредено едно лице, јавуваат …