недела , 22 октомври 2017
mevlut-cavusoglu-500x320

Турција: Наскоро почнува сеопфатна борба против ИД

mevlut-cavusoglu-500x320Од турските воено-воздушни бази наскоро ќе почне „сеопфатна“ борба против џихадистите од Исламска држава. Акциите ќе ги предводат САД и коалицијата.

Турција во минатиот месец одобри користење на нејзините бази за борба против ИД.

– Американски дронови и авиони пристигнуваат и наскоро почнуваме сеопфатна борба против исламска држава, изјави за ТРТ турскиот министер за надворешни работи Мевлут Чавушоглу.

– Со САД постигнавме напредок во насока на отворање на базите посебно на Инџирлик, додаде тој.

Турција и САД работат на планови за обезбедување поддршка од воздух за обучените од САД сириски бунтовници и заедно да ги протераат припадниците на ИД од појас во северна Сирија што се простира на околу 80 км по границата со Турција.

Слични написи

zagreb

Загреб: Извикувал „Зиг хајл“ и напаѓал луѓе со солзавец

Во центарот на Загреб се случи инцидент во кој полесно е повредено едно лице, јавуваат …