вторник , 26 септември 2017
gasovod-merach-540x320

Турција поднесе барање за арбитража против Газпром, оспорувајќи ја цената на рускиот гас

gasovod-merach-540x320Турција поднесе барање за арбитража против Газпром, оспорувајќи ја цената на турскиот гас. Тоа го соопшти денеска шефот на прес-службата на турското Министерство за енергетика и природни ресурси Угур Алаџи, јави ТАСС.

– Вчера е предадено барање пред меѓународниот арбитражен суд за купувањето природен гас од Русија во периодот по 29 декември 2014 година, рече Алаџи

На 31 јули годинава рускиот министер за енергетика Александар Новак изјави дека Газпром и турската Боташ договориле отстапка од 10,25 проценти во цената на рускиот гас. Новак додаде дека засега нема потпишани документи за отстапката.

Отстапката во цената на гасот е компромис меѓу Русија и Турција во преговорите за меѓувладин договор за изградба на првата линија на гасоводот „Турски поток“, јави ТАСС.

Слични написи

blokator

Блокатори за мобилни телефони во Идризово

Блокатори за мобилни телефони се поставуваат во истражниот затвор во Шуто Оризари кога од фејсбук-профилот …