вторник , 26 септември 2017
ehud-barak

Тужба против Ехуд Барак поради акцијата против турскиот хуманитарен конвој во 2010

ehud-barakВо Федералниот суд во американската сојузна држава Калифорнија е поднесена тужба против поранешниот израелски премиер Ехуд Барак, поради акцијата на израелските специјални сили во мај 2010 година против турскиот конвој бродови, кои носеа хуманитарна помош за Појасот Газа.

Како што јавија американските медиуми, тужбата против Барак ја поднеле родителите на 19-годишниот Фуркан Доган, кој беше еден до деветмината убиени при израелската акција.

Доган, кој имал двојно турско и американско државјанство, бил застрелан во главата додека со камера ја снимал израелската интервенција.

Граѓанската тужбата пред Судот во Калифорнија уследи откако пропаднаа преходните обиди за покренување постапка против Барак пред Меѓународниот кривичен суд во Хаг.

Во тужбата се тврди дека Барак, кој во време на акцијата беше израелски министер за одбрана, е одговрен за воено злосторство.

Американските медиуми наведуваат дека доколку Судот ја прифати тужбата и пресуди во полза на тужителите, можно е тие да добија отштета во износ од неколку десетици милиони долари.

Слични написи

hakerski napadi

Хакерски упад во безбедносниот софтвер CCleaner зарази 2 милиони компјутери

Повеќе од 2 милиони луѓе кои го спуштиле безбедносниот софтвер CCleaner ги заразиле своите компјутери …