недела , 24 септември 2017
kasarnaBelgija-540x320 (1)

Уапсен напаѓачот на касарна во Белгија

kasarnaBelgija-540x320 (1)Полицијата го приведе напаѓачот на касарната во Намјур, соопшти белгиското Обвинителството.

Се уште не е соопштен идентитет на напаѓачот, како ниту мотивите. Се претпоставува дека тој сам дејствувал, но е неизвесно дали извршил планиран напад.

Маскиран напаѓач денеска се обиде да ја пробие оградата на касарната во  Намјур, при што војниците отвориле оган. Тој успеал да избега, но неговиот автомобил останал на местото на инцидентот. При нападот нема повредени војници.

Во нападнатата касарна стационирани се специјални единици. Повеќе од 650 војници во моментот на нападот не биле во касарната, бидејќи учествуваат во меѓународна вежба.

Дел од белгиските медиуми јавија дека касарната е евакуирана. Се претпоставува дека во автомобилот на напаѓачот има експлозив.

Слични написи

hakerski napadi

Хакерски упад во безбедносниот софтвер CCleaner зарази 2 милиони компјутери

Повеќе од 2 милиони луѓе кои го спуштиле безбедносниот софтвер CCleaner ги заразиле своите компјутери …