понеделник , 21 август 2017
1 fudbal [panija urpsen

Уапсен претседателот на Шпанската фудбалска федерација

Претседателот на Шпанската фудбалска федерација, Анхел Марија Вилар е уапсен утринава, јави адридски „Ел Паис“, повикувајќи се на извори во правосудните власти.

Вилар е осомничен за проневера на фондовите на Федерацијата.

Заедно со него е уапсен и неговиот син, како и повеќе други осомничени лица, како дел од една поширока операција на полицијата и на обвинителството.

Весникот открива дека операцијата била предводена од истражните органи на Вишиот суд во Мадрид и на Специјалното обвинителство за борба против корупцијата.

Вилар, кој е поранешен шпански фудбалер, е претседател на фудбалската федерација уште од 1988 година.

Во време на неговото раководење со шпанскиот фудбал, репрезентацијата на Шпанија беше два пати првак на Европа, а во 2010 година и светски шампион.

Анхел Марија Вилар е 29 години во управувачките органи на ФИФА.

Слични написи

gokovichmadridopen-685x320

Ѓоковиќ: Бог ми порача, сега е навистина доста!

Со години доминираше во светскиот тенис, но Новак Ѓоковиќ е во сериозна играчка криза, проследена …