вторник , 26 септември 2017
mijalkov-610x400-610x320

УАПСЕН САШО МИЈАЛКОВ !

mijalkov-610x400-610x320

Српскиот Портал КУРИР пишува дека уапсен е Сашо Мијалков, поранешен шеф на УБК.

Екс директорот на УБК, Сашо Мијалков, вчера бил приведен на аеродромот во Белград откако по слетувањето излегол од авионот на „Ер Србија“ кој полетал од Скопје. Полицијата во куферот му открила пиштол по што настанала паника и хаос меѓу полицијата и патниците. Извори од белградскиот аеродром за Фокус ја потврдуваат веста и дополнуваат дека подоцна Мијалков бил пуштен, откако се утврдило кој е и откако интервенирале повисоки полициски старешини.

Друг извор пак, вработен во граничната полиција на тамошниот аеродром потврдува дека пиштолот е калибар 7.62 со пет куршуми и дека за да биде ослободен Мијалков морал да заврти телефон, а на помош да пристигне висок функционер на српската полиција. Секако, како што пренесува полицаецот, тие реагирале затоа што не знаеле за кого се работи, а подоцна ништо не им било објаснето кога морале да го ослободат Мијалков. Граничниот полицаец ни пренесува дека не знае кому завртел Мијалков и како било договорено да се ослободи, но неколку пати се слушнало како се споменува неговата поранешна функција- директор на УБК.

Фокус вечерва се обиде да стапи во контакт со ВМРО ДПМНЕ. Илија Димовски од центарот за комуникации ни се јави откако му пишавме СМС порака во која му ја најавивме темата. Кусо ни одговори дека само што се поздравил со него.

-Не ви е точна информацијата, само што стоев со Мијалков. Така што тука е во Скопје, пренесе Димовски.

Но откако му посочивме дека настанот е од вчера и го замоливме уште еднаш да провери со Мијалков дали и зошто бил задржан од полицијата, ни вети дека ќе имаме одговор, но за сега не ни се прејавија, иако ние се обидуваме да стапиме во контакт.

Дали Мијалков тргнал на службено партиско патување или на приватно? Дали Белград го користел само како транзит? Овие и уште неколку прашања очекуваме дека ќе ги одговорат од партијата на Мијалков.

Дополнително, испративме порака и до полицискиот портпарол Иво Котевски за да го прашаме дали тие се известени од српските колеги за настанот? Дали имаат податок каков пиштол поседува Мијалков? Дали тој и Јанкуловска ги вратија службените пиштоли по напуштање на функцијата? Со оглед на итноста и важноста на информацијата, Фокус останува отворен да го пренесе и ставот на МВР. Котевски во СМС ни напиша дека има приватни обврски вечерва и дека не му се разбирливи прашањата.

Неколку дилеми отвора овој настан уште од самиот старт на патувањето. Како успеал Мијалков да ја помине аеродромската контрола во Скопје? Дали воопшто го проверил некој со оглед дека повеќе не е државен функционер? Како мислел да помине преку граница, или преку неколку граници, ако патувал подалеку, со пиштол во себе? Дали е можно тој да го искористил ВИП влезот на скопскиот аеродром? И клучното со каков пасош патувал? Со македонски, со странски, со обичен или со дипломатски? На крајот, дали воопшто смее да поседува и да носи пиштол? Фокус преку извори во контролата на летање провери дека неговото име го има на листата со патници на летот ЈУ 163. Дури изворот напоменува дека авионот малку доцнел пред да полета и се сомнева дека се чекал Мијалков.

Од друга страна пак, ќе мора да се одговори и дали српската полиција постапила законски? Дали тоа што Мијалков е поранешен директор на УБК е доволно за така да се затвори случајот? Дали направиле проверки од каде му е пиштолот? Со каква цел го имал со себе?

За сега е непознато дали воопшто е направен записник за инцидентот. Нашите два извора не знаат ништо повеќе оти целата работа после ја презеле повисоки службеници. Како и да е, во моментов Мијалков освен партиска нема друга државна функција, па нејасно останува зошто му е пиштолот? Тој денеска е во Скопје. Дали после настанот се премислил и се вратил назад и не отпатувал на саканата дестинација? Конечно, дали пиштолот му е одземен или му е вратен? Нашите извори претпоставуваат дека и тоа го решиле полицајците, но не знаат како.

Извор ФОКУС

Слични написи

blokator

Блокатори за мобилни телефони во Идризово

Блокатори за мобилни телефони се поставуваат во истражниот затвор во Шуто Оризари кога од фејсбук-профилот …