понеделник , 25 септември 2017
OPEC Oil Meeting

Уапсена поранешната претседавачка на ОПЕК Алисон-Мадуеке

OPEC Oil Meeting
Поранешната претседавачка на Организацијата на државите извознички на нафта (ОПЕК) и екс-министерка за нафтени ресурси на Нигерија, Диезани Алисон-Медуеке е уапсена во Лондон, соопштија извори од Кабинетот на нигерискиот претседател Мухамаду Бухари.

Како што јави ТАСС, апсењето на Алисон-Мадуеке го потврдило и нејзиното семејство.

Причините за апсењето на Алисон-Мадуеке засега не се познати.

Од друга страна претставник на лондонската полиција изјави дека нема информции за наводно апсење на Алисон-Мадуеке.

Алисон-Мадуеке беше министерка за транспорт и за рударство во владите на поранешниот нигериски претседател Гудлак Џонатан од јули 2007 година, по што во април 2010 го презеде раководењето со Министерството за нафтени ресури, а во ноември 2014 беше избарана за претседавач на ОПЕК. Таа остана на двете функции од мај 2015 година.

Слични написи

hakerski napadi

Хакерски упад во безбедносниот софтвер CCleaner зарази 2 милиони компјутери

Повеќе од 2 милиони луѓе кои го спуштиле безбедносниот софтвер CCleaner ги заразиле своите компјутери …