петок , 22 септември 2017
uefa strumica

УЕФА го „скенира“ стадионот во Струмица

Европската куќа на фудбалот (УЕФА) изврши ’скенирање’ на стадионот „Младост“ во Струмица, како можен домаќин на мечот од квалификациите за СП 2018 во Русија против Албанија. Комесарот за безбедност на ФФМ, Роберт Марковиќ, во друштво на Жељко Павлица, претставник на Комисијата за безбедност на УЕФА, направија обиколка на објектот, и сигурно доби совети и насоки што ќе треба да се подобри и да се реновира за Струмица евентуално да добие можност за организација на ваков меч од меѓународен карактер.

Во Струмица е присутен и Тиери Фавре, претставник на УЕФА, кој е задолжен за оценување на организацијата на натпревари под закрилата на Европската куќа на фудбалот.

Слични написи

elif-elmas-701x495

ФИФА: Фенербахче може да го регистрира Елмаз

ФИФА ја прифати апликацијата што Фенербахче ја поднесе за трансферот на македонскиот репрезентативец Елиф Елмаз, …