среда , 28 јуни 2017
liga evropa

УЕФА се плаши од напад на финалето во Лига на Европа

УЕФА е во шок по терористичкиот напад кој се случи во Манчестер, за време на еден музички концерт. Европската фудбалска куќа реши на финалето од Лигата на Европа, кое се игра во Стокхолм, да воведе дополнителни безбедносни мерки.

„УЕФА е шокирана од вчерашниот терористички напад во Манчестер. Нашите мисли се со жртвите и нивните семејства. Засега немаме информации дека мечот во Стокхолм може да биде цел на терористички напад. УЕФА заедно со шведската федерација напорно работат на организацијата. Од почетокот е вметнат и ризикот дека може да има терористички напад. Засилени се безбедносните мерки на и околу стадионот“, стои во соопштението на УЕФА.

Во финалето на Лигата на европа ќе игра токму тим од Манчестер. Англискиот гигант Јунајтед за трофејот ќе се бори против холандскиот Ајакс.

Слични написи

davitkov

Давитков: Да го вратиме националниот тим таму каде што припаѓа

Селекторот на македонската кошаркарска репрезентација Јорданчо Давитков на денешната прес-конференција во спортскиот центар „Борис Трајковски“ …