петок , 22 септември 2017
grmotevici

УХМР: Од попладне пороен дожд и грмежи, а во одредени места и невреме

Времето денеска ќе биде сончево и топло со слаб ветер од променлив правец, додека попладне и во вечерните часови ќе има развој на нестабилна облачност со локален пороен дожд и грмежи. На места е можна појава на невреме со пообилен пороен дожд, засилен ветер и град. Максималната температура ќе биде во интервал од 27 до 35 степени, соопшти УХМР.

Во Скопје времето е малку до умерено облачно, а попладне со краткотраен пороен дожд и грмежи. Температурата ќе достигне до 32 степен.

Најмногу дожд во изминатите 24 часа наврнале во Тетово 5 литри на метар квадратен.

Утре ќе преовладува нестабилно облачно време со пороен дожд и грмежи. Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со обилен пороен дожд, електрични празнења, засилен ветер и град. Се очекува на места да наврнат над 35 л/м2 дожд.

И во недела попладне на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи, додека во првите денови од наредната недела во попладневните часови ќе има изолирана појава на нестабилност, која повеќе ќе биде застапена во планинските подрачја.

Слични написи

шамија

Омбудсман: На девојчињата во Охрид да им се дозволи со шамија да ја следат наставата

Народниот правобранител најостро ја осудува постапката на Министерството за образование, кое со испратениот допис  му …